05 јули 2007

Кајмакот на Joomla сајтови

Илија Илиев од МРТВ го преработи TagBot додатокот за Joоmla кој додава можност за пријавување на статии на сајтовите за социјално вмрежување. Оваа верзија на TagBot покрај останатите има можност за пријавување на статиите од Joomla статии и на Кајмакот. Како работи може да видите на некоја поединечна статија сајтот на МРТВ.

Кога сме кај сајтови на мејнстрим медиуми, A1 телевизија беа први што ставија копче за разгласување на статиите преку Кајмакот. Одлично за А1 и нивниот веб мастер!