10 февруари 2009

Неколку новости на Кајмакот

Неколку новости на Кајмакот:

Во моментов се имплементираат некои нови можности, доколку приметите некој проблем ве морам пратите мејл на kajmakot@gmail.com.

24 ноември 2008

Статистика на посети

Кајмакот води статистика на посети во Google Analytics, но бидејќи податоците од Google analytics технички немаат можност да бидат објавувано јавни сега Кајмакот има и статистика според посети со Webalizer.

http://kajmakot.softver.org.mk/statistika/

05 ноември 2008

Kајмакот се селеше

Кајмакот денеска се селеше. Сè би требало да биде во ред. :-)

Доколку приметите дека нешто не е како што треба ве молам пријавете по е-пошта нa kajmakot@gmail.com.

19 јуни 2008

Букмарклет, додаток за Фарјфокс 3 и топлисти

1. Goodbytes направи букмарклет со кој од било кој прелистувач со овозможена JavaScript може да се пријавува статијата која во моментот ја читате. Погледнете го упатството за инсталација.

2. Додатокот за брзо пријавување статии во Фајрфокс сега работи и во Фајрфокс 3. Погледнете го упатството за инсталација.

3. За тие што не приметиле од пред некое време има Топ листа на статии поделена по месеци кога станале популарни. Топлистата е на http://kajmakot.softver.org.mk/toplisti/pomeseci/

22 октомври 2007

Статистики од 1ви јуни до сега

Статистиките се преземени од Google Analytics и одат вака за 1.06.2007 до 22.10.2007:

Посети:
26.779 Visits
8.481 Absolute Unique Visitors
81.775 Pageviews
3,12 Average Pageviews
00:03:42 Time on Site
42,99% Bounce Rate
35,09% New Visits

Содржина:
73.386 Pageviews
55.988 Unique Views
42,99% Bounce Rate

Извор:
~21% директно
~61% од други сајтови
~17% преку пребарувачи

Од други сајтови (.mk):
a1.com.mk
365.com.mk
spodeliznaenje.blogspot.com
strumjan.blogspot.com
pogodok.com.mk
najdi.org
jasnesumjas.blogspot.com
top.net.mk
icko.elfasko.org.mk
mrt.com.mk


Еве со зборови објаснато напросто:
Од 1ви Јуни па досега сајтот го посетиле 26.779 посетители, од кои 8,481 биле апсолутно уникатни. Просечно време по посетител поминато на сајтот е 3мин.42сек. и дури 35.09% биле нови посетители.

72.45% од посетите биле со прелистувачот Mozilla Firefox, 19.67% биле со Internet Explorer, 5.44% биле со Opera. Останатите проценти се за другите прелистувачи.

Најмногу посетители се забележани во месец јуни, особено 12ти кога бројот на уникатни посети достигна 366.

Од градовите во Македонија Скопје е најактивен со 17.396, пред Штип со 1065 посети, додека на трето место е Битола со 829 посети.

Ако некој сака пристап до Google analytics нека напише е-пошта.

05 јули 2007

Кајмакот на Joomla сајтови

Илија Илиев од МРТВ го преработи TagBot додатокот за Joоmla кој додава можност за пријавување на статии на сајтовите за социјално вмрежување. Оваа верзија на TagBot покрај останатите има можност за пријавување на статиите од Joomla статии и на Кајмакот. Како работи може да видите на некоја поединечна статија сајтот на МРТВ.

Кога сме кај сајтови на мејнстрим медиуми, A1 телевизија беа први што ставија копче за разгласување на статиите преку Кајмакот. Одлично за А1 и нивниот веб мастер!

03 јуни 2007

Статистика за посетители за мај 2007

Во мај, 1391 луѓе го посетиле Кајмакот 3.934 пати и направиле 14.000 гледања на страници.

Вкупнo од почеток до сега има 7192 посети т.е. 2692 уникатни посетители кои посетиле 25957 страници од Кајмакот.

Еве ги поинтерсните извештаи за мај 2007:

Инаку за овие два месеца на Кајмакот се регистрираа 118 корисници. Пријавија вкупно 420 статии и гласаа 2270 пати.

01 мај 2007

Статистика за посетители за април 2007

За жал Гугл аналитикс нема јавен модул кој може да го гледаат посетители па еве неколку слики од екранот.

За април месец 2007 (првиот месец) Кајмакот имаше 2908 посети и беа посетени 10.588 страници. Просечно имаше по 96,93 посети на ден.

После директните посетители и тие од Google најмногу посетители дошле од vreme.com.mk, planet.linux.net.mk, mislam.blogspot.com i ribaro.blog.com.mk.


30 април 2007

Користење активни обележувачи(RSS) во Фајрфокс за следење нови статии


Ако не сакате да го посетувате нон-стоп Кајмакот за да проверите дали има нови свежи или популарни статии можете да ги користите RSS каналите (rss feed) преку кои автоматски ќе може да видите кога има и која е новата статија.

Можете да се претплатите на RSS каналите и да ги читате во некој RSS читач (пр. ако веќе користите Google Reader), но Фајрфокс има една интересна можност Активни обележуважи (Live bookmarks). Со активните обележувачи се претплатувате на РСС каналот кој се појавува во алатникот (toolbar) и секој пат кога ќе има нова статија тој автоматски ќе се освежи.

Има RSS канали на кајмакот заедно за сите популарни и сите свежи статии, како и за секоја категорија посебно.

Може да го видите ова упатство како се користат активни обележувачи во Фајрфокс и како да си поставите обележувачи за RSS каналите со статии од Кајмакот.

Додаток за пријавување статии со Epiphany

Стојанче Димитровски направи додаток со кој може директно и брзо да се пријави статија ако користите Epiphany (интернет прелистувачот за GNOME работната околина).

За да го преземете како и упатството за инсталирање и користење одите на http://stojance.lugola.net/?p=37

п.с. Ако користите Фајрфокс исто има додаток за пријавување статии.