30 април 2007

Користење активни обележувачи(RSS) во Фајрфокс за следење нови статии


Ако не сакате да го посетувате нон-стоп Кајмакот за да проверите дали има нови свежи или популарни статии можете да ги користите RSS каналите (rss feed) преку кои автоматски ќе може да видите кога има и која е новата статија.

Можете да се претплатите на RSS каналите и да ги читате во некој RSS читач (пр. ако веќе користите Google Reader), но Фајрфокс има една интересна можност Активни обележуважи (Live bookmarks). Со активните обележувачи се претплатувате на РСС каналот кој се појавува во алатникот (toolbar) и секој пат кога ќе има нова статија тој автоматски ќе се освежи.

Има RSS канали на кајмакот заедно за сите популарни и сите свежи статии, како и за секоја категорија посебно.

Може да го видите ова упатство како се користат активни обележувачи во Фајрфокс и како да си поставите обележувачи за RSS каналите со статии од Кајмакот.

Нема коментари: